Search

Чупиќ: Најтешко ни е да ја прифатиме реалноста дека веќе не сме силни какви што бевме

Сеуште актуелниот македонски, регионлен и европски машки ракометен првак Вардар во пресрет на првата одбрана на титулата, на Ф4 турнирот во Задар од 4 септември во СЕХА-лигата не е истиот тим кој мелеше се пред себе и не признаваше фаворити. Сега ја почнува новата приказна без газдата Сергеј Самсоненко и речиси со нов тим. Резултатите не ветуваат брзо влегување во победнички ритам. На подготовките „црвено-црните“ двапати загубија од Пелистер, а против Нексе за пласман на Ф4 турнирот во СЕХА лигата среќата им се насмевна, со пораз, но повеќе дадени голови во гости извадија билет за Задар.
-Знам дека се провлековме. Што да кажам? Се бориме, со противникот, со себе. Полека оди на подобро, но тоа ќе биде долг процес. Ова лето многу работи се променија, најтешко е да се помириме дека веќе не сме силни како што бевме до вчера, а Балканот е таков да секогаш од тебе очекуваат чуда. Тоа создава одредена нервоза, притисок, а сетоа тоа и нема некоја посебна смисла, бидејќи ова е потполно поинаква приказна. На никој не му е лесно, но велам, не се предаваме. Против Пелистер бевме на -5, малку во шок, сега се извлековме од -4. Оди, но нема да оди така брзо“, вели Чупиќ за „Спортске новости“ во пресрет на полуфиналниот дуел со ППД Загреб на завршниот турнир од СЕХА-лигата.
-Кога до вчера си играл со најдобрите на највиско ниво, а сега си свесен дека тоа не е можно. Некогаш тешко е да се помириш со тоа и се создава нервоза. Јас тоа вака би го објаснил. Сите сме биле млади или нови во некој тим, па сите сме биле трпеливи додека сме растеле. Се сеќавам само како го учевме Криштопанс, па после тоа тој учеше други, а сега е во Париз. Затоа треба да се смириме, а ние старите на некој начин треба да бидеме најголема поддршка во целата приказна, а не да дозволиме да надвладее нервозата“.
Треба да знаете
Последни објави