Search

Ристовски: Не треба да ги дочекаме мечевите со улога на фаворити

Македонската фудбалска репрезентација ги одработува зацртаните мини-подготовки пред саботното старт на второто издание од Лигата на нации. Македонскиот државен тим в сабота од 15 часот во Скопје пред празни трибини поради препораките во битката со пандемијата од коронавирусот ќе ја пречека Ерменија, селекција која од ланското издание им е должник поради убедливит триумф во Ереван.

Селекторот Игор Ангеловски – Мрме по осум и пол месечна пауза повторно ги осбра своите избраници, но токму долгата пауза може да биде и главниот проблем во дуелите со Ерменија и на гостувањето кај Грузија. Поради новонастанатат ситуација и враќањето во натпреаврувачкиот ритам искусниор репрезентативец Стефан Ристовски порачува дека во овој период е најважно да се искосристи за стабилизирање на тимот, пред можеби најважниот дуел од полуфиналето во истото натпреаврување од првото издание со Косово идниот месец кој може ширум да им ги отвори вратите за прв историски настап на завршница од ЕП 2020 кое е поместено за идното лето. Македонија го пречекува Косво, а доколку победи решавачкиот финален меч од Д сегментот во лигата на нации ќе го игра на гости со подбриот од другата полуфинална пресметка Белорусија – Грузија.

-Помина долг период откако не сме се собрале и одиграле натпреавр. Сега е најважно да се потсетиме на некои стари анализи, подготовки. Треба време да се стабилизираме. Се надевам дека ќе имаме добар настап, но не сакам да ги дочекаме натпреаврите со улога на фаворити. Оваа пауза направи малку проблеми, сега сме во подготвителна фаза, прв меч ќе биде и останува да видиме како ќе функционираме. Прво размислуваме за Ерменија, па потоа за Грузија“, смета Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави