Search

Тонали потпиша за Милан

Младиот играч за врска на Бреша, Сандро Тонали може да се смета за фудбалер на Милан. Ова го изјави претседателот на „рондинелите” Масимо Челино.

Во првата сезона, 20-годишниот Италијанец ќе игра на позајмица на „Сан Сиро” за 10 милиони евра.

После тоа „росонерите” ќе платат уште 28 милиони евра за траен трансфер.

Тонали ќе потпише договор до 2025 година, а неговата почетна плата ќе биде околу 2,5 милиони евра плус бонуси.

Треба да знаете
Последни објави