Search

Милошевиќ замина во историјата, Станојевиќ се враќа да го крене Партизан

Српскиот фудбалски повеќекратен првак, белградски Партизан кој последниве сезони е во сенка на лутиот ривал Црвена звезда, утре точно напладне ќе го промовира новиот тренер Александар Станојевиќ, откако на жешкото столче изгоре Саво Милошевиќ по поразот во дербито со Војводина во Нови Сад (3:2). Милошевиќ е веќе историја за „црно-белите“, а Станојевиќ (46 г.) се враќа на местото на успехот, по пауза од осум и пол години да го крене својот матичен клуб.

Станојевиќ во својата фудбалска биографија има запишано дека е дете на Партизан и младински репрезентативец на некогашната СФРЈ. Во својот матичен клуб од каде беше истеран на неспортски начин со затворање на клупските капии, сепак го паметат како трофеен тренер кој му донесе на Партизан шампионски титули, го одведе и во групната фаза од Лигата на шампионите, а беше и „доктор“ да го реши вечното дерби со Црвена звезда.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави