(Видео) Заев ги достави до Собранието предлог програмата за работа и предлог составот на новата влада

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во 11 часот го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.

-Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. Нз изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма. Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приорити. Денеска како мандатор доставив предлог за влада која е подготвена да сработи во полн 4 годишен мандат. Со мене се 19 инистри и министерки со кои се обврзуваме дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

Програмата за работа ја отсликува посветеноста на сте политички партии од коалицијата за борба против корупцијата, прочистување на правосудството и потекло на имот на сите функционери. Сите сме согласни посветено да работи на реализација на договорите со Грција и Бугарија, како и на Рамковниот договор, кој е темел на заедничкото живеење во мир.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/312662959957263/?t=1

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/624374651616088/?t=3

Треба да знаете
Последни објави