(Видео) Берлускони двапати се тестираше на коронавирус по дружењето со заразениот милијардер

Откако Флавио Бријаторе, италијански бизнисмен и, меѓу другото, сопственик на славната дискотека „Милијардер“ во Сардинија , беше хоспитализиран поради инфекција на Ковид-19, многумина кои биле во контакт со него во изминатите неколку дена побрзале да се тестираат. Меѓу другите и лидерот на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони.

Од партијата соопштија дека тој се подложил на двојно тестирање и сега се чувствува одлично, се вратил дома и ги презел сите свои политички обврски.

Берлускони и Бријаторе се сретнале на 12 август на Сардинија, во вилата на Берлускони, а по средбата, на социјалните мрежи е објавена фотографија, пишува „Танјуг“.

На почетокот на пандемијата на Ковид-19, Силвио Белускони се пресели со својата ќерка во Ница во Франција и остана таму сè додека карантинот беше на сила во Италија поради пандемијата на коронавирус, пишува „Танјуг“.

Како што веќе објавија медиумите, дискотеката на Флавио Бријаторе во Сардинија е едно од жариштата на вирусот, таа е затворена, но повеќе од 60 вработени се тестирани позитивно на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави