Search

Пензионер прегази старица кај Железничка

На 17.08.2020 во 09.45 часот било пријавено дека во Скопје на улица 23 Октомври, пред крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу”, патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.М.(67) од Скопје, удрило во пешакот П.Ч.(85) од Скопје.

Во незгодата П.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави