Во Делчево во ресторани се прават свадби и крштевки, градоначалникот апелира да се почитуваат мерките

Матури, полуматури, родендени, крштевки. Во медиумите се објавуваат прилози за тоа дека кафулињата и кафаните во Делчево работат до раните утрински часови и се организираат прослави.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и со свој личен пример да придонесат во зачувување на колективното здравје.

Јас уште еднаш апелирам до сите граѓани, да се почитуваат мерките за заштита, да се носат заштитни  маски за лице, да се одржува дистанца и редовна дезинфекција на рацете, но пред сè, да нема групирања. Ова што се случува по рестораните и кафулињата во Делчево, само уште еднаш ја покажува неодговорноста на поединци која може да доведе до ситуација, кога во државава се смирува епидемијата, тука да почне да се разгорува. Делчево беше град, каде со месеци немаше ниту еден случај со коронавирусот. Затоа, апелирам на лична одговорност до секој еден жител на општината, не го загрозувајте здравјето на вашите родители и пријатели, бидејќи никој не може да ве заштитиниту локалната, ниту државата, ниту СЗО, ако самите не го направите тоа- вели Трајковски.

Неговата изјава е реакција на зголемениот број позитивни случаи на коронавирус во Делчево и на лицата кои се во самоизолација.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера најави дека наскоро ќе се промовира планот за дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или се потенцијален ризик.

Враќањето на полицискиот час може да биде една од мерките, како и затворање на училишта, на угостителски објекти и забрана за собири.

Треба да знаете
Последни објави