Експлозија во Идлиб, погодено возило на турската армија

Возило на турската армија било погодено за време на експлозија што се случила за време на заедничката патрола на руски и турски војници во Идлиб, Сирија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници не се повредени, пренесува „Ројтерс“, наведува агенцијата РИА.

Од март руските и турските сили патролираат заедно на автопатот М4 во Сирија, кој ги поврзува провинциите Латакија и Алепо.

Треба да знаете
Последни објави