Директорот на „Улици и патишта“ разрешен бидејќи бил фатен со кокаин

Сенад Смаиловиќ-Сенко, директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, објави Лидер, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фесјбук профил напиша дека е Смаиловиќ е разрешен од функцијата директор.

-На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,  стои во билтенот на МВР.

Шилегов во информацијата за разрешувањето на Смаиловиќ не изнесе детали и причини за одлуката.

Треба да знаете
Последни објави