(Видео) Снимен моментот од несреќата во трката кај Пробиштип

Долгогодишниот член на АФМ и автомобилски судија, Кире Андреевски-Кирца (62) од Скопје загина вчера за време на ридско-брзинската трка во Пробиштип, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.

Денеска МВР официјално информираше за несреќата во која загина Андреевски.

-На 16.08.2020 околу 13.20 часот на авто трката која се одржуваше на регионалниот пат Пробиштип – Кратово, кај место викано „Жгури”, автомобил „хонда сивик”, без регистарски ознаки, управувано од A.K.(43) од Скопје- учесник на трката, удрило во К.А.(62) од Скопје- техничко лице на трката, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Пробиштип. Поради серизоноста на повредите од таму бил препратен во Медицински центар Штип, но по патот починал, велат од МВР.

Како што вчера информираше 24 Инфо, Андреевски по ударот паднал во бездна покрај патот, по што почнала битката да се спаси, но сите напори биле залудни.

Нашата редакција дојде до видео од моментот од несреќата, но на кое не се гледа како автомобилот удриа во Андреевски.

Од Тркачкиот клуб „Кастм кар рејсинг тим“, одговорност за трагедија побараа од Автомобилистичката федерација.

„На крајно небезбедна патека без банкини, која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип, каде што овој викенд организираа ридско-брзинска трка, згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта, при тоа беше и дел од организацијата. Одговорност за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ, а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб и Кристина Станојковска“, напишаа на официјалниот профил на Фејсбук од тркачкиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави