Микробиологот Никола Пановски во разговор за Сител смета дека учебната година требало да започне овој месец, поради летните температури на времето. Тој смета дека и средношколците кои се прва година треба да ги посетат училиштата, односно само оние кои се запознаваат со новите наставници.
-Не разбирам зошто и второ и трето одделение во училиште, ај за првачињата разбирам. Требаше и средношколците кои се прва година да ги посетат училиштата. Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август со што два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отворени прозорци да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона. Тогаш е многу важно да се престане да се собираме по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца, изјави Пановски.
Пановски вели дека проблем ќе бидат и настинките, поради што повторно може да биде загрозен здравствениот и економскиот систем на земјата.