Не е веќе во кома, Крунослав Киќо Слабинац, сепак е жив! Пејачот на македонскиот хит-евергрин „Летај ми, летај гулабе“ ја победи смртта

Колегата на Киќо, пејачот Душко Локин, беше замолен од семејството да не кажува ништо пред новинарите за здравјето на Киќо, но сепак тој ја раскажа ситуацијата. Никој не може да објасни зошто Локин тоа го направил?

Во далечната 1989 година тој ја испеа песната „Летај ми, летај гулабе“ /музика и текст Петар Георгиев Калица, аранжман Андреј Баша/ и со својот распеан милозвучен глас, интерпретација и со самото тоа што е и омилен кај публиката, убедливо победи на штипскиот „Макфест“. Големата поранешна југословенска естрадна ѕвезда Крунослав Киќо Слабинац деновиве како лав вистински се бореше за својот живот! За малку, па сè ќе беше трагично.

Оваа вознемирувачка вест овој викенд како гром од ведро небо проструи низ просторите од Вардар, па до Триглав. Киќо навистина беше многу популарен и на секаде омилен и во Скопје и во Белград и во Сараево и во Подгорица и во Љубљана и секако во Загреб. Таа година кога победи во Штип, фестивалот беше во знакот на неговото име и неговото присуство. Мораше да интервенира и полицијата бидејќи хотелот во кој беше сместен Киќо беше буквално опседнат, најмногу од неговите обожавателки кои со децении како да сечеа вени по овој пејач.

Но, како животот е непредвидлив така е и во случајот на 76-годишниот Киќо. Неговата сегашна здравствена состојба се искомплицира по операцијата на срцето. Ставени му се неколку бајпаса, а тој сега заздравен во единицата за интензивна нега на КБЦ Загреб, кај докторот Хрвоје Гашпаровиќ. До компликацијата дојде поради прекумерната тежина со која пејачот безуспешно се бори последните неколку години. Се жалеше дека тешко дише. Пејачот десетина дена пред да му се случи ова, настапи жив и прав на роденденското издание на „Сплитскиот фестивал“ и со сите колеги се дружеше и пееше без какви било сигнали дека би можел потоа да заврши во болница на операција…

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави