Во Црна Гора двајца починати, 75 новозаразени од Ковид 19

Во Црна Гора во последните 24 часа биле тестирани 482 примероци за коронавирус, меѓу кои биле откриени 75 случаи на инфекција.
Повеќето нови случаи се од Никшиќ – 24, додека 19 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Подгорица.

Уште две лица починале од коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот од почетокот на јуни е 68, а 77 од почетокот на пандемијата, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Во моментов има 1.048 активни случаи на коронавирус во Црна Гора, или 4.035 случаи на инфекција од почетокот на епидемијата.

Треба да знаете
Последни објави