Search

Амброзио повторно во лежерен и опуштен стил

Кога станува збор за летен стил, супермоделот Алесандра Амброзио е кралица на лежерните изданија. Бразилката неделава ја помина во дружби и ручеци со пријатели во Вест Холивуд, а во средата беше забележана како заминува од студио во Лос Анџелес и носи зелен пијалок во чаша за еднократна употреба. Алесандра (39) избра жолто здолниште со раб над колена, тренди маичка и очила за сонце со златни рамки. Едноставните рамни влечки во боја на кожа одлично се вклопуваат во целиот стајлинг.

Спортски, елегантно и модерно во исто време.

Алесандра (39) е манекенка уште од тинејџерка. Таа стана ангел на Викторија Сикрет во 2004 година, а своите крилја ги закачи во 2017 година. Убавицата е мајка на две деца со поранешниот вереник Џејми Мазур – ќерката Ања (11) и синот Ноа (осум),
.

Последниве две години е во врска со италијанскиот бизнисмен Николо Оди.

Треба да знаете
Последни објави