Search

Османи: Не е вистина дека Еленовски ќе биде новиот македонски премиер

Не е точна информацијата која се појави во медиумите дека Лазар Еленовски ќе биде идниот македонски премиер, соопшти вечерва вицепремиерот за евроинтеграции во владата на заминување и портпарол на ДУИ Бујар Османи.

-Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да наштетат на ДУИ, да наштетат на процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и во интерес на државата, изјави Османи напоменувајќи дека сега има толку многу шпекулации што неможат да стигнат сите да ги демантираат.

Денеска средби со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Средбата на Ахмети и Заев, портпаролот Османи ја оцени како конструктивна, но во интерес на разговорите не обелоденува детали од истата.

Треба да знаете
Последни објави