Утрово продолжи потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро

Рано утринава продолжи потрагата по 16-годишното момче од Ресен кое исчезна во водите на Преспанското езеро. Потрагата вчера беше привремено прекината поради лоши временски услови.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

Треба да знаете
Последни објави