Search

СДСМ е против ротирачки премиер: Гладна кокошка просо сонува

Гладна кокошка, просо сонува, напиша потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на фејсбук, што, според дел од медиумите, се однесува на објавата на весникот Коха дека СДСМ, ДУИ и ДПА постигнале договор за парламентарно мнозинство, кој предвидува во првите 3 години премиерот да е од СДСМ, а во четвртата година владата да ја води премиер-Албанец.

Висок функционер на СДСМ за 360 Степени изјавил дека партијата е против концептот за ротичарки премиер и воедно додава дека разговорите за формирање на ново мнозинство ќе започнат после 4 август, кога партискиот лидер Зоран Заев ќе се врати од одмор.

Претходно, и Артан Груби од ДУИ ја демантираше веста на Коха, истакнувајќи дека воспоставените постизборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални и пријателски.

Треба да знаете
Последни објави