Search

Maсовен протест на туристичките агенции

Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат истите разгледани. Од таа причина, одлучивме масовно да ја изразиме големината на нашиот проблем, преку мирен протест, кој ќе се одржи во среда (29.07.2020) со почеток во 16ч.

На овој мирен протест се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе се движат по одредена рута и автобуси кои ќе ги пратат. Почетокот на протестот ќе биде симболично пред Дрво Декор, местото од каде некогаш започнуваа реализациите на нашите тури, а ќе продолжи кон Кочо Рацин, 11-ти октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булевар ВМРО, булевар Илинден, до Владата на Р.С. Македонија.

Секако, планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека цели пет месеци сме без никакви примања, без никаква можност за одржување на функционалноста на нашите сектори и дека доколку државата не ни даде помош ќе бидеме приморани веќе во наредните денови да ставиме катанци на нашите врати.

Овој протест нема никаква политичка позадина и строго се оградуваме од било каква поврзаност. Бидејќи истиот се одржува во време на пандемија, уверуваме дека ќе се придржуваме до мерките за заштита како носење на маски и дистанцирање.

Вас, претставниците на медиумите, како наши најголеми поддржувачи во оваа наша тешка борба, како и досега се надеваме на присуствно и секако би ни било навистина потребно да сте заедно со нас за време на целиот протест.

Само заеднички ќе успееме да се избориме за опстанок на повеќе од 5000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава.

Треба да знаете
Последни објави