Search

Османи: ДУИ има пет услови за преговори со албанските партии

Многу е важно да се согласиме за албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, изјави за ТВ21 вицепремиерот Бујар Османи во одговор на позициите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, која предходно не исклучи дека ќе разговара и со ДУИ за составот на новата влада.

Според Османи, ДУИ има нови услови, пет главни столба за преговори со албанските партии.  

1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии.

Треба да знаете
Последни објави