Лице во алкохолизирана состојба било пронајдено во бесознание во близина на казино во Кочани

Рано утрово во 2,50 часот лице со иницијали М.Р. (23 г.) во близинана на казино во Градскиот трговски центар во Кочани било пронајдено во бесознание. Лицето било во алкохолизирана состојба и веднаш со возило на итната медицинска помош е пренесено во Општата болница во Кочани каде му е укажана лекарска помош.

Полициските службеници од Кочани кои биле известени за настанот и излегле на терен преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави