Search

Македонските каратисти освоија пет медали на ИТКФ онлајн шампионатот

Македонската репрезентација во традиционално карате освои два златни, еден сребрен и два бронзени медала во кати на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат кој се одржа вчера и денес.

Златни медали освоија Мила Саздова во јуниорска конкуренција и Александра Стојановска во кадетска конкуренција.

Дејан Недев го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција.

Бронзени медали заработија Аљоша Недев кај сениорите и Максим Илиев во кадетска конкуренција

Треба да знаете
Последни објави