Куршум завршил во градинка во Аеродром каде се броеле гласови

На 15.07.2020 околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на улица Коста Новаковиќ, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање.

Проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

Повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави