Заскитан куршум паднал во куќа во Дебар Маало, друг оштетил автомобил во Сарај

На 15.07.2020 околу 22.15 часот во Полициската станица Центар, С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на улица Мирослав Крлежа, се слушнало пукање од огнено оружје, а проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2020 околу 22.20 часот во Полициското одделение Сарај, В.Д. од Сарај пријавил дека на ул.„10“, на неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави