Search

Македонски концепт: Мноштвото од нашите гласови се во неважечките ливчиња

Мноштвото од нашите гласови се во неважечките ливчиња, благодарение на соработката на господин Зоран Заев и господин Христијан Мицкоски, да не дозволат по никоја цена факторизација на нормална политичка опција во земјата, без разлика на тоа кој од нив двајца ќе биде победник, велат од Македонски концепт.

Од таму додаваат дека до ДИК е поднесен приговор со кој бараат увид во сите неважечки ливчиња, со цел, како што велат, да ја констатираме голата вистина за изборни манипулации на овие избори.

„Во очекување на одговор од ДИК, без голема надеж за праведна одлука од нивна страна, истакнуваме дека сме наполно свесни дека ние живееме во контролирана демократија, во која партиите одлучуваат кој ќе победи, а не ние граѓаните“, велат од Македонски концепт.

Иднината на Македонски концепт, се додава во соопштението, е во опозиционо дејствување во насока на организирање широка кредибилна опозициона понуда, со цел силен коректив на старо – новата Влада.

„Од нас ќе ја имаат полната поддршка за интеграциските процеси во ЕУ, но и кредибилна критика на сето она кое не е во насока на државниот интерес на нашата држава“, велат од Македонски концепт.

Треба да знаете
Последни објави