Голф прегази пешак од Косово

На 15.07.2020 во 23.35 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Кемал Ататурк“, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(57) од Скопје, удрило во пешак С.С.(55) од Р.Косово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави