Search

Хрватска стравува дека непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот може да им донесе набрзо илјадници новозаболени лица

Во Хрватска кога станува збор за коронавирусот нема голем оптимизам дека пандемијата ќе биде ставена набрзо под контрола. Доколку не се почитуваат пропишаните мерки за заштита стручната епидемиолошка фела најавува дека бројот на новоинфицирани лица за три недели би се зголемил на повеќе од 2.000 лица, а за еден месец и половина може да се достигне и бројката од 5.000, пренесуваат хрватските медиуми.

Повикувајќи се на неофицијални сознанија медиумите пренесуваат дека заштитните мерки ќе се донесуваат напоредно според бројот на новозаразените. Така според нивните сознанија ако бројот на новоинфицирани се зголемува  и тоа како последица од собирањата во поголеми групи на луѓето, ќе има нови рестретктивни мерки кои ќе ги ограничат ваквите појави на непочитување на препораките.

Директорот на Хрватскиот центар за јавно здравје Крунослав Цепак напоменува дека оваа мерка се однесува и за верските собири.

Во Хрватска според најновиот правилник на сила е задолжителното носење на заштитни маски во продоавници, јавен превоз, медицинските установи… Маските ќе мораат да ги носат и запослените во кафетериите и рестораните.

Од викендов на хрватските граници се применуваат многу посторги мерки за влез на граѓани кои не се од земјите членки на ЕУ. Тие мораат да имаат задолжителен негативен тест за короанавирусот кој не смее да биде постар од два дена, во спротивно ќе мората да замината во черинаесетднева самоизолација.

 

Треба да знаете
Последни објави