Охридската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишник и против правно лице од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.
Пријавениот, со цел да одбегне делумно плаќање данок и придонес, приложил лажни податоци за своите приходи и за приходите на правното лице на име на данок на добивка и персонален данок на доход.
Со тоа пријавените го оштетиле државниот буџет и стекнале противправна имотна корист во вкупен износ од 2.043.369 денари.