Филипче: Заболените од Свети Николе се од штипски кластер

Состојбата во Свети Николе се подобрува по огромниот број на регистрирани случаи во последните неколку дена со што бројката се искачи на 110 активни случаи. Епидемиолозите се на терен а според министерот за здравство Венко Филипче кој денеска беше во градот, потеклото на заболените е од кластер во Штип. Најголем дел од новите случаи се вработени во текстилна конфекција која веќе е затворена а во моментов се спроведува анкета и тестирање на вработените.

Анализата на Комисијата за заразни болести покажала дека споредено со претходните три недели, бројките на новозаболени во државата малку се покачени но процентот на позитивни тестови и хоспитализирани пациенти останал ист а министерот Филипче соопшти не се очекува зголемен број на пациенти во болниците.

Во меѓувреме, течат подготовките за есенскиот бран на вирусот и за таа цел во 16 града каде веќе постојат општи болници и здравствени домови ќе се формираат регионални ковид-центри.

Треба да знаете
Последни објави