Клоп планира уште четири години да остане во Ливерпул, па една година да замина на заслужен одмор

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп, кој успеја по три децении чекање да им приреди голема радоста на фудбалерите и навивачите на англискиот Ливерпул со освојувањето на шампионската круна во Премиерлигата, најави дека планира да остане на „Енфилд“ уште четири години. Германецот важи за еден од најдобрите и најпоскуваниот од клубовите фудбалски стручњаци.

Клоп и неговите избраници го освоија трофејот во Премиер лигата, а минатата англиски клуб ја покори Европа, тиумфирајќи во елитното клупска натпреаврување Лигата на шампионите.

-Планот ми е да останам уште четири години во Ливерпул, а потоа сигурно ќе направам пауза. Една година нема да бидам дел од фудбалот. А потоа, ќе видиме. Можеби ќе преземам некој друг клуб, репрезентација или ќе ја завршам кариерата. За пет години светот може да изгледа многу поразлично од денеска…, вели Клоп кој во Англија пристигна во 2015 година од редовите на Борусија Дортмунд.

Треба да знаете
Последни објави