Search

Ја унапредуваме родовата еднаквост, можеме уште повеќе и уште подобро 

Родовата еднаквост е вредност во која СДСМ верува затоа што општество во кое сите се еднакви е општество во кое има просперитет.
Направивме многу во изминатите 2,5 години, покажавме дека можеме и во наредните четири години ќе продолжиме уште повеќе и уште подобро.
Ја ратификувавме Истанбулската конвенција, го донесовме Националниот план за имплементација 2018-2023, отворивме и поддржавме 16 центри за жртви од родово базирано насилство во сите 6 плански региони.
Први воведовме целосна рамноправност на жените и застапеност од 50:50 на пратеничките листи.
Донесовме нов закон за прекин на бременоста, по европски стандарди, со кој го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и сопственото здравје.
Со реформи во социјалната заштита, со унапредување на социјалните услуги и со отворање на детски градинки креираме работни мести во економијата за грижа, каде доминантно се вработуваат жени.
Ја вклучивме родовата перспектива системски, во процесот на стратешко планирање и буџетирање, отворивме ресурсен центар за креирање родово одговорни политики.
Родовата еднаквост и во следниот период ќе биде наш висок приоритет.
Целосно ќе го усогласиме Кривичниот законик со одредбите од Истанбулската конвенција и сите форми на родово базирано насилство ќе бидат кривични дела.
Следна задача ќе ни биде да обезбедиме 40% застапеност на жените во извршната власт, на функции на кои ги именува владата.
Ќе воведеме задолжителен бесплатен преглед за жени над 35 години, кој ќе содржи гинеколошки преглед и мамографија.
Производите за менструална хигиена, до кои дури 15 отсто од жените и девојчињата немаат пристап,  не се луксузна стока и треба да им се достапни на сите жени и девојчиња, затоа ќе го намалиме данокот на овие производи од 18 на 5 проценти.
Ќе донесеме нов закон за работните односи, во кој ќе се дефинира и уреди мајчинско отсуство, татковско отсуство и ќе овозможиме заедничко родителско отсуство за двајцата родители, работа од дома доколку еден од родителите го прекине отсуството и се врати на работа, ослободување од работа ноќе за самохраните родители.
По 15 јули ќе продолжиме да ја унапредуваме родовата еднаквост, бидејќи можеме уште повеќе, уште подобро.
Треба да знаете
Последни објави