На Кипар нема нов случаи на Ковид-19, вo Грција 19

На Кипар, веќе петти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, додека пак во Грција има 19 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите 24 часа,во Грција почина уште едно лице, вкупно 190 од почетокот на епидемијата, а на интензивна нега, приклучени на апарати, хоспитализирани се девет лица.

Во Грција, заразени од новиот коронавирус се 3.256 лица.

Според податоците од Министерството за здравство на Кипар, бројот на позитивни на Ковид-19 остана непроменет на 985 лица.

Треба да знаете
Последни објави