Search

Таткото на Ѓоковиќ му порача на ветеранот Федерер да оди да чува деца, да скија…

Таткото на светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, Срѓан при гостување во емисија на „Спорт Клуб“ зборуваше за кариерата на својот син и за ривалството кое српскиот тенисер го има со легендарниот Швајцарец, Роџер Федерер.

Според Срѓан, Швајцарецот од поодамна требало да замине во пензија. Сениор Ѓоковиќ смета дека Федерер уште игра тенис само поради Надал и неговиот син.

-Федерер и понатаму е најдобар и најуспешен тенисер во светот. Тоа е факт по резултатите, но нема да остане така уште долго. Што мислите зошто Роџер игра и на 40 години? Замислите тој човек од 40 години уште игра тенис кога може да оди дома и да се занимава со некои други работи. Но, бидејќи Новак и Надал му дишат во врат едноставно не може да прифати дека ќе бидат подобри од него. Оди човеку чувај деца, скијај, прави нешто…Тенисот не е цел живот, тоа е само нешто моментално, изјави Срѓан.

Треба да знаете
Последни објави