Search

Вучиќ е загрижен бидејќи од Лавров разбрал што им се подготвува за решавање на косовското прашање

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров имаше средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград пред да замине за Вашингтон на 27 јуни каде ќе се бара решение за надминување на косовското прашање меѓу Белград и Приштина. Српскиот претседател Вучиќ по оваа средба е загрижен, бидејќи од Русија добил одредени најави дека ги очекува многу тежок период во кој ќе се соочат со големи притисоци во врска со Косово за да се остварат големи планови, кои Србија ги нема добиено ни официјално ни неофицијално.

-Пред нас  е исклучително тежок период. Мораме да бидеме внимателни околу секоја идеја која ќе ни биде претствена како можно решение на косовско-метохиското прашање. Ако било кога дојде до било какво решение јасно е дека за тоа ќе мора да се изјасни и Русија со која во иднина на дневна основа ќе бидеме во комуникација по ова прашање – открил Вучиќ.

Србија ќе ги штити своите интереси без разлика која ќе биде цената што ќе мора да ја плати е ставот на претседателот по ова прашање. Затоа Вучиќ од српските граѓани бара сплотеност во ове тешки времиња за одбрана на итересите на неговата земја.

-Кога велам тешки времиња, мислам дека се најтешки во последните 12 години. Најважно е да ја разбереме добро својата позиција, да бидеме подготвени за разговр и компромис, но доволно силни да ги отфрлиме ултиматумите и заканите – истакнл Вучиќ.

Лавров потврдил дека Русија нема да го менува ставот за Косово и Метохија и ќе ја поддржи секоја одлука која е прифатлива за Србија да биде затворено ова прашање.

-Ќе ги поддржиме сите иницијативи кои навистина ќе им помогнат на Белград и Приштина да постигнат взаемно прифатливо решение врз основа на Резолуцијата на СБ при ОН 1244, порачал Лавров и потсетил дека нема да дозволат никакви рокови за решавање на ова прашање.

-Ако мислите дека ќе го признаеме Косово или да се согласиме да стане членка на ОН, а ние да не добиеме ништо, туку само ветување дека ќе бидеме членки на ЕУ, нашиот одговор ќе биде не – се изјасни Вучиќ и потсети дека ова е прашање за Србија, а не за некој друг.

 

 

Треба да знаете
Последни објави