Search

Бензема го престигна Пушкаш со постигнати голови во дресот на Реал

Напаѓач на најтрофејниот со европски титули Реал Мадрид, Карим Бензема ја надмина клупската легенда Ференц Пушкаш на вечната листа со стрелци за „кралскиот клуб”, откако постигна два гола во синоќешната победа над Валенсија.

Мадрид ја продолжи битката за титулата со успех над „лилјаците” со 3-0, а Французинот постигна два од головите за да го зголеми вкупниот скор на постигнати голови во дресот на Реал на 243.

Со ова Бензема го прескона Унгарецот (242 погодоци) и веќе го зазема петтото место на вечната листа.

Сега Бензема го брка четвртиот на рангот Сантијана, кој има постигнато 290 голови во белиот дрес. Топ 3 голгетери кај „кралевите“ се Кристијано Роналдо (450), Раул (323) и Алфредо Ди Стефано (308).

Треба да знаете
Последни објави