Search

Зибери: Добро е што случајот ,,Рекет” доби судска разрешница

Аналитичарот Насер Зибери во денешното гостување во отвореното студио се осврна на пресудите за „Рекет“ и потенцираше дека ова ги потресе темелите на правосудниот систем и нанесе штета врз кредибилитетот на судството и ја разништа кревката доверба на граѓаните и можноста  да се истера правда во правосудскиот систем.

„Беше сериозен случај за кој јавноста очекуваше затворање. Постапката ќе тече по жалби, но ова што денеска се случи, јавноста го очекуваше како настан. Јавноста очекуваше правораздавање и овој слушај да добие епилог и го делам мислењето на граѓани што случајот доби епилог. Дали одмерувањето на казната е праведна и вистинска, тоа е работа на надлеѓните институции.“ – вели Зибери.

Треба да знаете
Последни објави