Хрватска запиша два нови случаи на инфицирани со коронавирусот

Во последните 24 часа потврдени се два нови случаи на коронавирус во Хрватска. Двата случаи се во Загреб.

Со ова вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се искачи на 2.254. Досега се тестирани вкупно 70.254 лица, а 144 во последните 24 часа.

Вкупниот број на оздравени е 2.140. Уште седум лица се на лекување во болница, а во изминатите 24 часа нема смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави