Австралискиот премиер: Ќе ни бидат потребни две години за да закрепнеме од коронакризата

Австралиската влада откри низа инфраструктурни проекти со кои планира да ја рестартира економијата, која застана за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Австралиската економија треба да закрепне многу побрзо од другите поради успешно сузбивање на вирусот.

ОЕЦД предвидува дека Австралија ќе има еден од најмалите падови на БДП меѓу развиените земји до крајот на 2020 година, додека официјалните предвидувања за стапката на невработеност се ревидирани и намалени од 10 на 8 проценти.

И покрај горенаведеното, премиерот Скот Морисон рече дека ќе бидат потребни две години за Австралијците да ја вратат економијата таму каде што беше пред пандемијата на коронавирус.

„Тоа е планина на која допрва треба да се искачиме“, кратко рече Морисон, додавајќи дека тие ќе бидат многу внимателни со потрошувачката во иднина.

Австралија сè уште пријавува релативно голем број на нови инфекции секој ден, но повеќето ограничувања се укинати, освен границите, кои треба да бидат отворени во јули. Властите соопштија дека вирусот е искоренет во поголемиот дел од земјата.

Треба да знаете
Последни објави