Јужна Кореја го повика Пјонгјанг да се врати на дијалогот

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ја повика Северна Кореја да се воздржи од поттикнување тензии и да се врати на дијалогот.

Повикот на претседателот на Јужна Кореја следува откако Пјонгјанг се закани дека ќе ја укине канцеларијата за врски со оваа земја и ќе преземе воена акција против неа.

Мун џае-ин на средба со високи соработници изјави дека ветувањето за мир на Корејскиот Полуостров, кое го даде севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред 80 милиони луѓе не може да биде повлечено, алудирајќи на мировните договори кои ги потпишаа двајцата лидери во 2018 година.

– Северна Кореја не треба да ја прекинува комуникацијата, да поттикнува тензии и да се обидува да се врати во ерата на конфронтации од минатото, истакна јужнокорејскиот претседател, изразувајќи надеж дека двајцата лидери ќе успеат да ги решт проблемите преку дијалог и соработка.

Неодамнешното заострување на судирите меѓу двата соседа предизвика загриженост поради провокациите за напад од страна на севернокорејската војска и е создаден нов застој во преговорите околу ограничувањата на нуклеарното и ракетното вооружување на оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави