Јанша ги тргна Здруженијата на партизаните од прославата на Денот на државноста

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги тргна здруженијата на борците од Втората светска војна од годинашната прослава на Денот на државноста, објави весникот Дневник.

Со одлуката на Јанша здруженијата на партизаните нема да учествуваат во националната прослава на празникот. Со одлуката место здруженијата на воени ветерани, во организацијата на прославата ќе учествува министерот за внатрешни работи Алеш Хојс како и други владини функционери.

Според медиумите во Словенија ова е прва ваква одлука за исклучување на партизаните и здруженијата на борци од прославата на големиот државниот празник.

На новинарско прашање, генералниот секретар на владата Божо Предалиќ изјави дека поделбите околу прославата ќе бидат надминати, без да прецизира кога ќе се случи тоа

Словенија го празнува Денот на државноста на 24 јуни.

Треба да знаете
Последни објави