Тухел ќе остане во ПСЖ

Томас Тухел ќе остане на тренерската клупа кај францускиот фудбалски првак ПСЖ и во следната сезона. Ова го соопшти спортскиот директор на „светците“ Леонардо.

– Договорот со Томас Тухел е продолжен за уште една година. Тој ќе остане во ПСЖ следната сезона. Томас направи одлична работа, постигна добри резултати. Ќе го разгледаме прашањето за продолжување на договорот, ќе има време. Ние сме апсолутно искрени во нашите односи со Тухел, истакна Леонардо.

Оваа сезона „светците” го освоија францускиот шампионат, а исто така стигнаа и до четвртфиналето од Лигата на шампионите. Поради коронавирус, елитното натпреварување е прекинато и се најавува продолжување во август.

Треба да знаете
Последни објави