Полициска станица во Англија ги советува полицајците да клекнуваат пред протестите на БЛМ

Полициска станица во Англија предлага полицајците да клекнуваат на колено за време на протестите во „Блек лајвс медр“ за да избегнат несакано внимание од левичарските активисти, потег што лидерот на партијата Брексит, Најџел Фериџ, го опиша како лудило измешано со кукавичлук, пренесува „Мејл он сандеј“.

Полициската станица во Хертфордшир на неодамнешниот брифинг за операцијата „Велур“ ги советувала полицајците симболично да се приклучат на движењето БЛМ со клекнување, тврдејќи дека гестот има многу позитивен ефект врз протестите.

„Полицајците треба да бидат свесни дека тоа е незадолжително, но тие што нема го сторат тоа може да се најдат во фокусот на вниманието на демонстрантите“, се вели во советот според „Мејл“.

Постар детектив од полициската станица го критикуваше овој потег, велејќи: „Апсурдно е. Дали од службените лица ќе се очекува да направат слични гестови на политички настани како протестите на екстремната десница, на пример?“.

Најџел Фериџ исто така ги критикуваше полициските сили, посочувајќи: „Полицијата во Хертфордшир сака нивните полицајци да клекнат на колено пред демонстрантите и тоа е целосно предавање пред анархијата, марксизмот и организацијата што сака да ја укине полицијата. Лудоста измешана со кукавичлук “.

Поранешниот министер за внатрешни работи Дејвид Бланкет исто така го осуди овој потег, предупредувајќи дека ваквите акти може да послужат за политизирање на полициските сили.

„Загрижен сум дека гестот на клекнување, иако поттикнат од најдобри намери, може да остави впечаток на поткопување на улогата на полицијата во вакви ситуации. Тие се таму за да осигураат безбедни демонстрации, а не да даваат политички изјави“, рече Блункт.

Како одговор на негодувањето, полицијата во Хертфордшир рече: „Полицајците кои работат на настани на кои е вклучено движењето БЛМ можат слободно да ја покажат својата лична поддршка со клекнување на колено ако сакаат. Полицијата не се обидува да го охрабри или обесхрабри ова дејствување, што останува личен избор“.

Од „Скотланд Јард“ првично изјавија дека полицајците смеат да клекнат колено за време на протестите, но подоцна ја повлекоа изјавата загрижени за безбедноста на полицајците по нападите врз нив од страна на агитаторите на БЛМ. Традиционално, од британските полицајци се очекуваа да не даваат политички изјави додека се во униформа.

Чинот на клекнување пред демонстрантите на „Блек лајвс медр“ беше првпат виден во САД, а подоцна го пруфатија членови на Демократската партија, кои клекнаа во зградата на Капитол во знак на солидарност со БЛМ. На овој чин постапија и левичарските политичари во Велика Британија, при што лидерот на Лабуристичката партија, Сер Киер Стармер, и неговиот заменик, Ангела Рајнор, клекнаа во домовите на Парламентот минатата недела.

Сер Киер рече: „Ние клекнуваме со сите што се спротивставуваат на антицрнечкиот  расизам”.

Треба да знаете
Последни објави