Пиромани се обиделе да запалат катедрала во Франција

Неидентификувани пиромани поставиле голема канта за отпадоци наспроти страничната врата на катедралата „Сен Пјер“ во Рен кон крајот на минатата недела и ја запалиле содржината во очигледен обид да ја запалат црквата, пренесува „Оест Франс“.

Пожарникарите од Рен пристигнале навреме за да го изгаснат пожарот, за кој веруваат дека бил намерно подметнат. Инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 11 и 12 јуни.

Сопственикот на еден ресторан во соседството го забележал и го пријавил пожарот околу 2 часот по полноќ.

„Почна да мириса на изгорено, па отидов да видам дали мирисот доаѓа од нашите кујни. Се качив на вториот кат и го отворив прозорецот што гледа кон црквата. Мирисот беше се посилен и ги видов соседите како трчаат со кофи вода. Ми рекоа дека катедралата е во пламен “, вели тој.

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарот бил ставен под контрола пред да предизвика сериозна штета во црквата. Судската полиција ја презеде истрагата за подметнувањето на пожарот.

„Немаше упад во зградата, но вратата беше оштетена и делумно беше уништена од пламенот, а од чадот се поцрнети и плочникот и скалите пред црквата “, рече отец Ерван Делахеј, пасторот од катедралата.

Регионалната дирекција за култура (ДРАК) ги повика локалните занаетчии да извршат привремена поправка.

Во април 2019 година, париската катедрала Нотр Дам се запали и претрпе огромна штета. Инспекторите не веруваат дека пожарот бил намерно подметнат, но непосредно пред пожарот во Нотр Дам, десетина католички цркви беа осквернавени низ Франција за само една недела.

За време на таа недела во март 2019 година, пироманите ја запалија црквата Сен Сулпис – една од најголемите и најважните цркви во Париз. Трошоците за реставрација на црквата од пожарот беа проценети на неколку стотици милиони евра.

Во Ним, во близина на границата со Шпанија, црквата Нотр-Дам де Енфант беше осквернавена на особено грозен начин- провалниците нацртале крст со човечки измет, ги ограбиле главниот олтар и табернакулот и ги украле осветените поскури, кои биле откриени подоцна меѓу купиштата ѓубре.

Во црквата Нотр Дам во Дижон, во Бургундија, беше оштетен високиот олтар, а вандалите ги извадиле осветените поскуриод табернакулот, ги расфрлале на земја и ги изгазиле.

Група млади луѓе ја осквернавија селската црква Лаваур, во јужниот оддел на Тарн, извртувајќи ја едната рака на скулптурата на распнатиот Христос за да се чини дека тој прави непристоен гест. Иако медиумите се двоумеа да му припишат одредено религиско или културно потекло на сквернавењето, инцидентите имаа јасен антихристијански карактер.

Треба да знаете
Последни објави