Кошаркарот Јанковиќ од Партизан е инфицираниот со коронавирусот кој ја испаничи и НБА-лигата

Никола Јанковиќ од редовите на белградски Партизан е првиот српски кошаркар позитивен на коронавирусот. Тој е испратен во изолација, но заразата предизвика паника и во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, бидејќи имал контакти со ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.

НБА- гостинот Јокиќ бил дел од неодамнешниот ревијален меч во чест на долгогодишниот тренер на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ. Инфицираниот Јанковиќ и Јокиќ се големи пријатели, а камерите од овој натпревар во повеќе наврати ги прикажа како разговараат еден до друг, без внимавање на социјалната дистанца и без користење заштитни маски и ракавици.

Јокиќ најдоцна до вечер треба да се врати во САД, каде што треба да ги мине протоколите за да може да му се приклучи на својот тим во подготовките за продолжување на НБА-сезоната, чиј рестарт е најавен за 31 јули.

Треба да знаете
Последни објави