Search

Дурловски: Купив земја од шеста категорија, а не погон за марихуана

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски на Фејсбук одговори на обвинувањата на портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов  дека е лажен патриот и за време на пандемија купувал земјиште.

-Го слушам Костадин на прес конференција и не знам како може гласноговорникот на партијата која ја приватизираше Македонија, партијата на Заеви, кои вртат милиони, а земаат државна помош како да се зависни од неа, партијата на Анѓушев, со милионскиот бизнис, Шекеринска со десетиците станови, и многу други од нивен калибар, како зборува за имоти. Еве збор два и за тоа.

https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3493040240714528

Земјиштето кое што јас со уште 5 други лица го имам купено е пасиште, земја од 6 та категорија. Не се работи за плац во струмичката касарна чија цена достигнува и до неколку стотици илјади евра, ниту станува збор за погон со марихуана. Тоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. Се што сум заработил сум вложил тука и за разлика од тебе и твоите наредбодавци парите за истото ги имам стекнато на чесен начин со работа, труд и дваесетгодишно живеење и претставување на Македонија насекаде низ светот, напиша Дурловски.

Треба да знаете
Последни објави