Search

Костадинов: Лажниот патриот Дурловски во сред пандемија купува хектари земјиште

Еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“ и упадот во Собранието, а денес носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дуроловски, својот наводен патриотизам го покажува со купување на хектари македонска земја, обелодени денеска на прес-конференција во Свети Николе, Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и покажа документи.
-Овде, во Свети Николе, Дурловски заедно со уште пет други лица купиле 12 хектари земјиште.
120.000 квадратни метри земјиште купил фејк патриотот Дурловски заедно со уште 5 други лица.
Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности.
Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, денес лажниот патриот Дурловски купува десетици илјади квадрати македонска земја?
Дали со парите за крвавиот четврток, денес Дурловски станува земјопоседник?
Додека глумат загриженост за граѓаните, функционери на ВМРО-ДПМНЕ купуваат хектари земјиште низ државата. Класично лицемерие на фејкњуз партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш се потврдува дека и Дурловски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ мислат само на свои, лични и бизнис интереси и воопшто не се грижат за граѓаните и државата.
Таквото нивно незрело, неодговорно и несериозно однесување уште еднаш ќе биде казнето од граѓаните.

Линк до видео: https://youtu.be/FsX4eETaWHY

Треба да знаете
Последни објави