АУА повторно полета од Виена

Австриската национална авиокомпанија АУА, по принудната пауза поради коронавирусот, повторно почна да лета.

Првиот редовен лет, по тримесечна пауза, беше рано утрово од виенскиот аеродром швехат до Минхен.

Пилотите на првиот лет Евалд Ројтнер и Рудолф Бахштајнер, во име на 7.000 вработени, порачаа дека се „подготвени да летаат”.

Во текот на овој месец, АУА ќе ги обнови летовите на повеќе од 30 европски дестинации, а прекуокеанските летови се планирани од 1 јули.

Последниот редовен закажан лет на АУА, пред кризата со коронавирусот, беше на 19 март, кога авион од Чикаго се врати на аеродромот во Виена.

Меѓу првите дестинации се Амстердам, Атина, Брисел, Базел, Париз, Копенхаген, Дубровник, Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Хамбург, Ларнака, Минхен, Букурешт, Приштина, Сараево, Солун, Скопје, Софија, Штутгарт, Тирана, Тел Авив, Берлин , Варна и Цирих.

Од 22 јуни ќе има редовни летови кон Белград, Грац, Инсбрук, Кошице, Ница, Прага, Сплит и Варшава.

Од 1 јули ќе бидат обновени линиите кон Бангкок, Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Каиро, Москва, Подгорица и неколку други европски дестинации.

– Чувството е убаво кога ќе видите дека аеродромот повторно работи, рече директорот на виенскиот аеродром Јулијан Јегер.

Тој истакна дека се зголемени мерките за хигиена и дека важи правилото за физичка дистанца.

Треба да знаете
Последни објави