Бизарна несреќа: Германски политичар уринирал до електричен столб и бил погоден од гром

Локален политичар на владејачката ЦДУ од германскиот град Хенштет бил убиен од гром, поради несреќен сет на околности.

Политичарот Нико К. бил на забава под отворено небо со пријателите, кога започнало невреме.

Според „Билд“, пред да ја напушти забавата тој тргнал да изврши мала нужда, а во моментот кога започнало невремето застанал покрај електричен столб.

Нико К., како што пренесува весникот, имал големи политички амбиции и планирал наскоро да влезе во окружниот совет, од каде планирал да премине на повисоки политички позиции.

Треба да знаете
Последни објави