Search

Одобрени барањата на 476 компании со барања за поддршка од 316.038.500 денари

Владата денеска ја усвои информацијата на  Развојната банка на Северна Македонија за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош  со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, и ја задолжи банката да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат критериумите во Јавниот повик бр.1, наведени во доставените Список бр.3 и Список бр.4, односно со 476 компании со барања за поддршка во висина од 316.038.500 денари.
Во врска со овие информации на Развојната банка на Северна Македонија, Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.
На оваа седница Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта за време на вонредна состојба, со кои, по претходна согласност од Светска банка, се овозможува преостанатите средства до 37 милиони евра од овој заем да се пренаменат за исплата на плати на работниците за месец јуни 2020 година, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари.
Треба да знаете
Последни објави