Search

Милан непоразен во Торино, ама во финале на купот оди Јувентус

Во првиот натпревар од прекинот на сезоната, Јувентус и Милан ремизираа во Торино во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот меч на „Сан Сиро“ пред коронакризата заврши со 1:1, а вечерва мируваа мрежите. Мечот на „Алијанц Торино“ заврши со 0:0.

Јувентус оди во финалето поради голот во гости.

Но, и покрај тоа што немаше голови, имаше навистина голем број возбудувања. Веќе во втората минута шанса за „Старата дама“, но Даглас Коста шутираше покрај десната статива од добра позиција. Огромна шанса подоцна имаше Роналдо во 13 минута, собра една одбиена топка, но сепак упати удар лево од голот на ривалот. Во следната минута фудбалерите на Јувентус бараа пенал, Орсато побара помош од ВАР, па по консултациите покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Кристијано Роналдо, но ја погоди левата статива, но и Донарума го прочита неговиот удар.

Неколку секунди подоцна Милан останува со играч помалку. Анте Ребиќ невнимателно стартуваше над Данило, а Орсато му покажува директен црвен картон.

Милан беше безопасен во првото полувреме. Тие не направија ништо пред голот на Јувентус, но од друга страна добро се одбранија и заминаа на полувреме без голови.

„Росонерите“ успеаја да се заканат преку Чалаханоглу на отворањето на второто полувреме, но Турчинот не успеаја да постигнат гол.

Јуве ја контролираше играта, создаде шанси, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот, а Милан се одбрани многу добро и спречи лесен продор на играчите на Јувентус низ одбраната.

Утре се игра второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Наполи и Интер. Во првиот натпревар Наполи го совлада Интер на гости со 1:0.

Треба да знаете
Последни објави